Отворен ден на УКИМ, 5 декември 2024 година , во 11 и во 13 часот
Драги матуранти, наши идни студенти!
Ве покануваме на традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“, којшто ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина: 11 – 13 часот и 13 – 15 часот.
Ќе бидат презентирани:
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за
Посетете ги факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните просторни капацитети, амфитеатри и лаборатории.
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!
Се гледаме на 5 декември!
Одлука за полагање предмет во главните испитни сесии
Стручниот совет на Институтот за математика на XII редовна седница одржана на 21.11.2024 година одлучи полагањето во јануарско-февруарските (први), јунските (втори) и августовско-септемвриските (трети) испитни сесии да се изведува во два рока со право на студентите да се јават на испит (за предмет) само на еден од понудените два термини за испит.
Термините за испит за секоја од сесиите ќе бидат објавени во годишен распоред на испити, на интернет страниците на Институтот за математика и на огласната табла на Институтот за математика.
Одлуката почнува да важи од учебната 2024/2025 година, а се должи на усогласување со другите институти на ПМФ.
Термин за полагање на предметот Македонски јазик во ноемвриската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година
|
НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година |
|
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Проф. д-р Симон Саздов - Филолошки факултет 22 ноември 2024 г. во 9:15 часот А3 (Голем амфитеатар) на Филолошкиот факултет |
Донација на книги за библиотеката на ИМ
Институтот за математика му благодари на проф. д-р Сашо Калајџиевски, некогашен асистент на Институтот за математика, а сега "Senior Scholar” при универзитетот на Манитоба во Винипег, Канада, во пензија, кој на барање на Институтот, донираше четири книги на коишто тој е автор:
Изменето соопштение за ноемвриска сесија за учебната 2024/2025 година (Деканат)
Соопштение за ноемвриска сесија во уч. 2024/2025 год. (Одделеление за студентски прашања)
Соопштение за празник
СЕ ИЗВЕСТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ И СТУДЕНТИТЕ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК - 23 ОКТОМВРИ, ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА - НЕМА ДА СЕ РАБОТИ НА ДЕН 23.10.2024 ГОДИНА (СРЕДА).
21.10.2024 год., СКОПЈЕ ОД ДЕКАНАТОТ
ЕРАЗМУС+ КОНКУРС за студентска мобилност за летен семестар за учебната 2024/2025 година
Одлука за задоцнето запишување семестар, статус на мирување на студии и датум за одбрана на дипломска работа
Соопштение за предавања по Психологија
Почитувани студенти од наставните студиски програми,
Ве известувам дека предавањата од предметот Психологија ќе се одржуваат во терминот - вторник во 16:30 во Предавална 3 на Филозофскиот факултет во Скопје.
Првиот час ќе се одржи на 08.10.2024 година (вторник).
Предметен наставник, проф. д-р Калина Сотироска
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |