Соопштенија

09 декември 2025

Оглас за пракса во CrazyLabs Macedonia

Компанијата CrazyLabs започнува програма за платена студентска пракса со можност за вработување по нејзино успешно завршување. Нашата цел е да допреме до студенти од Природно-математичкиот факултет –  оние коишто се во последната година или кои штотуку дипломирале – и да им понудиме можност за стекнување практично искуство и развивање на нивните професионални вештини.

Огласот за практикантската позиција, кој го содржи описот, условите, како и линк до Google формуларот за аплицирање може да го проследите овде.


07 декември 2025

Програма за одбележување на Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 16-ти декември, со следната

 

П Р О Г Р А М А

 

16.12.2025 г. (вторник),

Природно-математички факултет-Скопје

 

12 : 00 часот

   Свеченоста ќе се одржи во амфитеатарот „Ордан Печијаре“- горна зграда

 

  • Обраќањe на деканот на Факултетот, проф. д-р Даворин Трпески
  • Обраќање на ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова
  • Доделување признанија на пензионирани вработени на Природно-мате­мати­чкиот факултет - Скопје во 2025 година, за нивниот придонес во работата и развојот на Факултетот
  • Доделување признанија за 20 - години работа на Факултетот
  • Промоција на магистри
  • Доделување на награди на најдобро дипломирaните студенти

 

13 : 00 часот

  •    Промоција на дипломираните студенти на соодветните институти

 

13 : 30 часот

  • Коктел во холот во горната зграда на Факултетот
  • Коктел во холот во долната зграда на Факултетот (за студенти, вработени и поранешни вработени на Институтот за етнологија и антропологија и Институтот за хемија)

 

            Д Е К А Н

 

Проф. д-р Даворин Трпески                             


28 ноември 2025

Известување за работно место

ООУ ,,Св. Кирил и Методиј '', с. Кучевиште, Чучер Сандево има потреба од наставник по математика. Заинтересираните кандидати да се јават во училиштето за подетални информации.


29 октомври 2025

Известување за работно место 

Приватното средно училиште „Маариф“ – Скопје Кампус има потреба од двајца (2) наставници по математика. Наставата во училиштето се изведува на англиски јазик, па потребно е кандидатите солидно да го познаваат англискиот јазик.

Контакт:
info.skopje@maarifschools.edu.mk
(+389) 2 2400 211
(+389) 7 0312 143

20 октомври 2025

Термин за испитите по Математичка анализа 1 и Вовед во комплексна анализа во ноемвриската испитна сесија во учебната 2025/2026 година

Усните испити по Математичка анализа 1 и Вовед во комплексна анализа во ноемвриската испитна сесија ќе се одржат на 6.11.2025 година со почеток во 12:00 часот.


17 октомври 2025

Соопштение за запишување на примените кандидати  на ВТОР циклус студии во првиот уписен рок - учебна 2025/2026 год. 


16 октомври 2025

Известување за распоредите на испити во редовните испитни сесии во учебната 2025/2026 година

Се известуваат студентите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет-Скопје, дека се објавени распоредите за испити за јануарско-февруарската, јунската и августовско-септемвриската испитна сесија за учебната 2025/2026 година во соодветното мени (види десно).


16 октомври 2025

Соопштение за ноемвриска испитна сесија во учебната 2025/2026 година (Институт за математика)

СООПШТЕНИЕ 

            Се известуваат студентите од Институтот за математика коишто имаат право да полагаат испити во ноемвриската испитна сесија од учебната 2025/2026 година (студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2025/2026 год. и уредно им е заверен летниот семестар 2024/2025 год.) дека може да полаат само 1 (еден) испит од летниот семестар од учебната 2024/2025 год.

 Писмените испити ќе се одржат во понеделник, 3.11.2025 год. со почеток во 12:30 часот во математичкиот амфитеатар.

 Усните испити ќе се одржат во договор со предметните професори.  

 Студентите задолжително да ги пријават испитите електронски (во iKnow системот) од 20.10.2025 до 31.10.2025 година.

 Студентот на денот на полагањето на испитот треба да носи со себе индекс.

16.10.2025 год.                                                   Од Институтот за математика


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.